Будење

човекот во креветот
ужива во своето слатко лепило

во склад парчињата свест
спијат милно едни крај други

а човекот во сонот
гони елен но стрела во срна

срната смеејќи се му ја враќа стрелата
за да може пак да си игра

но во самракот
тој спие на мека зелена папрат

испуштајќи ја стрелата
кон човекот во креветот

којшто при будење
се распаѓа

претходна насока

следна насока 


  Клод Ц. Фримен III: „Луд пес и чудни насоки“, избрана поезија
 
Избор и препев на македонски: Игор Исаковски
 
Проверка на препевот: Богомил Ѓузел
  ISBN 9989-928-04-5
  821.163.3-33
  © Блесок 2001.
  сите права задржани
  објавувањето на оваа книга е помогнато од 
  Фондација институт отворено општество - Македонија
  и од Министерството за култура на Република Македонија