Архетипон

малкумина за да создадат време и живот

секогаш се со мене
ја компонираат оваа илузија

создаваат сè

знам неколкумина
некои живеат со чувствата
останатите ненасочени
чекаат сон или песна

малкумина за да создадат време и живот

претходна насока

следна насока 


  Клод Ц. Фримен III: „Луд пес и чудни насоки“, избрана поезија
 
Избор и препев на македонски: Игор Исаковски
 
Проверка на препевот: Богомил Ѓузел
  ISBN 9989-928-04-5
  821.163.3-33
  © Блесок 2001.
  сите права задржани
  објавувањето на оваа книга е помогнато од 
  Фондација институт отворено општество - Македонија
  и од Министерството за култура на Република Македонија