Темнината доаѓа

старецот се готви за старост

чита философија
во свежите есенски утра

го проучува Апсолутното

во разблажената измаглина на 
    кафето
мисли помеѓу голтките и мрмори

сите божици станаа бегалки

тој смета наназад

календар на незавршено
сума на неправедно

проштева

темнината доаѓа

претходна насока

следна насока 


  Клод Ц. Фримен III: „Луд пес и чудни насоки“, избрана поезија
 
Избор и препев на македонски: Игор Исаковски
 
Проверка на препевот: Богомил Ѓузел
  ISBN 9989-928-04-5
  821.163.3-33
  © Блесок 2001.
  сите права задржани
  објавувањето на оваа книга е помогнато од 
  Фондација институт отворено општество - Македонија
  и од Министерството за култура на Република Македонија