Последното хаику

стар осамен
заборава да ги изброи слоговите
ја стресува болката и самоизмамата

старец пред спиење
го посакува истото она
што исчезна со заминатите сетила

првиот здив и вкусот на денот

претходна насока

следна насока 


  Клод Ц. Фримен III: „Луд пес и чудни насоки“, избрана поезија
 
Избор и препев на македонски: Игор Исаковски
 
Проверка на препевот: Богомил Ѓузел
  ISBN 9989-928-04-5
  821.163.3-33
  © Блесок 2001.
  сите права задржани
  објавувањето на оваа книга е помогнато од 
  Фондација институт отворено општество - Македонија
  и од Министерството за култура на Република Македонија