Слободан Мицковиќ
Куќата на Мазарена
ISBN 9989-9559-0-5
|
pdf верзијата е достапна на М@Па |
|
Слободан Мицковиќ
КУЌАТА НА МАЗАРЕНА
(Нова верзија ПЗП со коментари на д-р Мендел)
© самиздат
Скопје
1999© Блесок
е-издание
2000
|
CIP - Каталогизација
во публикација Народна и универзитетска библиотека ,,Св. Климент Охридски“, Скопје 821.163.3-31 Мицковиќ,
Слободан |
Предговор
Пред околу две години, Блесок почна да ја проповеда слободата на електронското издаваштво. Сега е повторно време да и’ се зададе силен удар на бирократијата и закоравеното македонско издаваштво (чест на многу ретките исклучоци). Писателите се (сè уште!) соочени со издавачката максима „Најди спонзор!“. Од разни (очигледни, верувам) причини, писателите не се занимаваат со барање спонзори. Писателите пишуваат а издавачите можат а и не мораат да објавуваат. Тоа е веќе нивен избор. Писателите немаат избор: тие пишуваат и имаат потреба од издавач. Сега, писателите имаат алтернатива: повеќе од кога и да е, Блесок е во љубов со литературата, и ќе објавува најмногу што може. Една од новите максими на Блесок е „Помалку вложувања за повеќе резултати“. Огромниот број на посетители и нивните реакции ни кажуваат дека сме го избрале вистинскиот пат. Додека во македонските издавачки куќи се пие кафе, Блесок полека заспива. Додека издавачите некому ја пласираат веќе цитираната максима, Блесок го гради алтернативниот пат на издаваштво. Додека издавачите заспиваат и веќе не мислат на своите (потенцијални) писатели, Блесок креира и мисли со месеци однапред.
Најубаво е што тоа воопшто не е тешко. Напротив!: треба само да се има чиста мисла и почит кон создавањето.
И, секако, воопшто не е случајно што првата книга што Блесок ја објавува во целост, е потпишана од автор што ја има Слободата во своето име: Слободан Мицковиќ. Добитник на многу награди, многу почитуван универзитетски професор и одличен прозаист, овој автор се соочи со максимата на издавачите. Кон крајот на '99 ја објави оваа книга во 10 примероци, користејќи фото-копир. И потоа ја одбра алтернативата на Блесок: „Помалку вложувања за повеќе резултати“. Еве ја, исправена во сета своја великост, „... Мазарена“, таа куќа за сите автори како показ на чистата мисла и почитта кон издаваштвото.
И, најмногу од сè, почитта кон пишаниот збор.
Игор Исаковски
главен и одговорен уредник на Блесоккреирано од блесок.веб.дизајн
© Блесок 2000, сите права задржани