Слободан Мицковиќ
Куќата на Мазарена
ISBN 9989-9559-0-5

 

БЕЛЕШКА ЗА АВТОРОТ

СЛОБОДАН МИЦКОВИЌ (1935), Битола. Таму матурирал. Дипломирал и докторирал на Филолошкиот факултет во Скопје каде е сега редовен професор. Меѓу 1969 и 1999 година ги објавил книгите критики, есеи и студии „Размислувања среде денот“, „Толкувања“, „Време на песната“, „Поетските идеи на Блаже Конески“ (дисертација), „Збор и разбор“ (награда „Димитар Митрев“), „Третата генерација“, „Книжевни текови“, (награда „Димитар Митрев“), две антологии на македонската поезија - „Песна на земјата“ (на русински јазик) и „Антологија на современата македонска поезија“ (на српски јазик). Првиот роман, „Александар и смртта“ го објави во 1992 година (награда“Рациново признание“), а до 1999 година ги објави и романите „Да се убие Апостол“, трилогијата „Двојно доба“, која ја сочинуваат трите кратки романи: „Канал“ (прва награда на конкурсот на издавачот ЗУМПРЕС), „Историја на црната љубов“ (награда „Книга на годината“ на издавачот „Детска радост“) и „Промена на бога“. Објави и еден роман за деца и млади, „Ах тој Париз што ја испи реката“. Куќата на Мазарена“ е негов најнов роман.

креирано од блесок.веб.дизајн
© Блесок 1998-2000, сите права задржани