ISBN 9989-928-17-7


ЦАРСКИ РЕЗ
македонски раскази

Идеја::
Кога во еден разговор со Катица Ќулавкова беше спомената можноста да се направи една антологија на македонскиот расказ, бев повеќе од заинтересиран да ја реализираме таа идеја. Ни требаше малку повеќе време отколку што на почетокот планиравме, но, очигледно - некои работи не треба да се брзаат. Времето го искористивме за дополнително да го зајакнеме буџетот за овој проект. Во меѓувреме, ни се приклучи и Елизабета Баковска и на себе ги презеде преводите на англиски. Дополнително, преводите ги провери и Ричард Гофран. Најпрвин замислена под името „Македонскиот расказ на ХХ век“, оваа книга го доби името „Царски рез - македонски раскази“. Со тоа што расказите коишто се овде застапени припаѓаат на втората половина на минатиот век, ова име беше поадекватно. Исто така, со ова се потенцира еден пресек, рез, во богатата продукција на МК расказот.

Цел::
Целта на оваа книга е да понуди еден хронолошки след на неколку раскажувачки пристапи/поетики и да ги промовира авторите од Македонија пред светот. Оваа книга им е наменета на сите оние коишто ја почитуваат уметноста на кусиот расказ, а разбираат македонски и/или англиски.

Поткрепители::
Министерство за култура на Република Македонија,
Фондација Институт отворено општество - Македонија,
Холандска амбасада - Скопје (за печатеното издание).

Игор Исаковски
Блесок

Блесок - литература и други уметности

© Блесок, 2001.
Сите права задржани.