¤


Коле Чашуле

раскажувач, романсиер, драмски писател и публицист. Роден е 1921 година во Прилеп. Бил на разни функции во општествениот и културниот живот. Бил директор на Радио Скопје, уредник на списанијата „Нов ден“ и „Современост“, главен и одговорен уредник на „Разгледи“. Бил директор на драмата при Македонскиот народен театар. Бил конзул во Канада и амбасадор во Боливија, Перу и во Бразил. Еден од иницијаторите за формирање на Друштвото на писателите на Македонија и негов претседател.
    Автор е на следните дела: Драми - „Една вечер“ (1948), „Последните гаврани“ (1950), „Задруга“ (1950), „Вејка на ветрот“ (1957), „Бразда“ (1958), „Црнила“ (1960), „Игра или социјалистичка Ева“ (1961), „Градскиот саат“ (1965), „Вител“ (1966), „Партитура за еден Мирон“ (1967), „Земјаци“ (1967), „Тројца и вистината“ (1967), „Како што милувате: Оставка на еден карипски министер за внатрешни работи или, Достага на самиот врв од највисоката власт“ (1975), „Суд“ (1978), „Житолуб“ (1981), „Дивертисман за еден Стрез“ (1967-1990), „Роднокрајци“ (1987), „Тибурсио и Синфороса“, (1988), „Вејка, два“ (1989), „Сон прв“ (1991), „Сон втор и по него друг“ (1992), „Модус мориенди“ (1992), „Лацримула“ (1993), „Маркучот во четири гласа“ (1995). Романи - „Простум“ (1970), „Премреже“ 1-2 (1977), „Вомјази“ (1981), „Имела“ (1982), „Горчила“ (1983), „Канадски фрагменти“ (1985), „Конзулски писма“ (1987), „Така е, ако ви се чини“ (1994). Книги раскази - „Првите дни“ (1950), „Раскази“ (1953), „Само сказни“ (2000). Книги есеи - „Записи за нацијата и литературата“ (1985), „Нови записи“ (1989), „Македонски дилеми“ (1992), „Резиме за мојата генерација“ (1998), „Болно племе“ (2000). 
    Доботник е на наградите: За драмски опус „Марин Држиќ“, „11 Октомври“, и „Стале Попов“, „Стериина награда“, „Награда за книжевен опус на „Мисла“, „4 Јули“ и други.

¤ Коле Чашуле: Сентиментален расказ

Блесок - литература и други уметности

© Блесок, 2001.
Сите права задржани.