¤


Бранко Пендовски

раскажувач, романсиер и драмски писател. Роден е на 27 мај 1927 година во Кочани. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Работел како наставник во Кочани, како новинар во „Млад борец“ и „Нова Македонија“, како уредник во литературниот весник „Разгледи“, како главен уредник и директор во издавачката организација „Култура“ и како уредник во книгоиздателството „Кочо Рацин“ во Скопје. Бил претседател на Друштвото на писателите на Македонија.
    Автор е на следните дела: збирки раскази - „Игра“ (1956), „Наш град“ (1963), „Смртта на орденот“ (1969), роман - „Скали“ (1965), драми - „Не сакам да умрам полека“ (1969), „Студенти“, „Под пирамидата“, „Потоп“ и „Пречек“ (1973), „Патување“, „Наследници“ и „Љубовници“ (1980). Застапуван е во антологии на современиот македонски расказ и современата македонска драма. Преведуван е на повеќе светски јазици.
    Добитник е на наградата „Војдан Чернодрински“.

¤ Бранко Пендовски: Зимско сонце

Блесок - литература и други уметности

© Блесок, 2001.
Сите права задржани.