Томе Момировски
раскажувач, романсиер, есеист, критичар, преведувач. Роден е
на 4 април 1927 година во Кичево. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Бил
главен уредник на списанијата „Иднина“ (Скопје), „Културен живот“ (Белград), на
весникот „Млад борец“ (Скопје) и на Радио Скопје, како и уредник на списанијата
„Современост“, „Културен живот“ и „Погледи“ во Скопје. Бил министер за култура
на Македонија, претседател на Културно-просветната заедница на Македонија,
претседател на Комисијата за култура и уметност на Сојузната конференција на
Југославија и др. Член на Македонскиот ПЕН центар и негов почесен
потпретседател.
Автор е на книгите: „Стреи и песоци“ (патописна проза, 1956), „Чекори“ (раскази, 1957), „Грешна недела“ (роман, 1961), „Неспокои“ (раскази и новели, 1969), „Години несоници“ (роман, 1972), „Културата, културните вредности и младината“ (есеј, 1975), „Бреслики“ (повест, 1976), „Односи и синтези“ (есеи и критики, 1978), „Културата и просторот“ (есеи, 1979), „Акцијаши“ (роман, 1982),„Вишнеење“ (драма, 1983), „Искована песна“ (антологија на македонска поезија, 1984), „Идеи и творештво“ (есеи и критики, 1984), „Виделина“ (раскази и новели, 1984), „Охридска Талија“ (монодрама, 1985), „Коловратница“ (раскази, 1986), „Културна соработка и заедништво“ (монографија, 1987), „Бела“ (повест за деца, 1987), „Избрани дела“ (во пет тома, 1987) „Крстопати“ (есеи и критики, 1990), „Светлоносецот од Преспа“ (биографско-есеистичка книга за поетот Мите Богоевски, 1992), „Чун“ (роман, 1992), „Ластари“ (раскази за деца, 1993), „Живописана земја“ (есеистичко патописна проза, 1995), „Снежинки“ (сказни за деца, 1996), „По полноќ“ (роман, 1998) и „Младбелина“ (поезија, 2000).
Добитник е на наградите: „11 Октомври“, „13 Ноември“, „Рациново признание“, „РТВ на СВП“, „Климент Охридски“ и „Мито Хаџивасилев - Јасмин“.
¤ Томе Момировски:
Забеганиот човек