Мето Јовановски
раскажувач и романсиер. Роден во 1928. Бил претседател на
Македонскиот П.Е.Н. Центар. Претседател е на Хелсиншкиот комитет за човекови
права.
Автор е на збирките раскази: „Јадреш“, 1956; „Мени на
мојата месечина“, 1959; „Првите човекови умирања“, 1971; „Патот до осамата“,
1978; „Крстопат кон спокојот“, 1987; романите: „Хајка на пеперутки“,
1957; „Слана во цутот на бадемите“, 1965; „Земја и тегоба“, 1968; „Сведоци“,
1970; „Будалетинки“, 1973; „Орловата долина“, 1979; „Крлежи“, 1984 и „Балканска
книга на умрените или Ослободување преку зборување“, 1992. Книги за деца:
„Љуман Арамијата“, 1954 и „Војвода над војводите“, 1980. Патепис:
„Клучевите на Манхатан“, 1983. Пишува и радио и тв драми. Составувач е на
антологијата „Една друга Америка“, 1978 и на лексиконите „Кој е кој,
што е што“, 1963 и „Мал литературен лексикон“, 1971. Негови дела, особено
раскази, се објавувани на повеќе светски јазици. Преведува од англиски и руски
јазик.
¤ Мето Јовановски:
Целосно
лојален граѓанин