Петре М. Андреевски
поет, романсиер, раскажувач, драмски автор. Роден е во 1934 година во с. Слоештица, Демир Хисар. Основно образование завршил во родното село, гимназија во Битола, а студирал на Филозофскиот (сега Филолошки) факултет во Скопје. Работел во Македонската телевизија. Бил уредник на списанието „Разгледи“. Член на Македонската академија на науките и уметностите. Бил претседател на Друштвото на писателите на Македонија.
Пишува поезија, раскази, романи, драми и филмски сценарија. Ги објавил книгите поезија: „Јазли“ (1960), „И на небо и на земја“ (1962), „Дениција“ (1968), „Дални наковални“ (1971), „Пофалби и поплаки“ (1975), „Вечна куќа“ (1987) и „Лакримариј“ (1999), книгите раскази: „Седмиот ден“ (1964), „Неверни години“ (1974) и „Сите лица на смртта“ (1994), романите: „Пиреј“ (1980), „Скакулци“ (1983), „Небеска Тимјановна“ (1988) и „Последните селани“ (1987), книгата „Драми“ (1984), во која влегуваат „Време за пеење“ и „Богунемили“. Тој има објавено и две збирки стихови за деца под наслов „Шарам барам“ и „Касни порасни“. Од неговиот книжевен опус досега му се печатени повеќе избори, а во 1984 година му беа објавени избрани дела во пет томови. Застапуван е во сите антологии на македонската поезија објавени кај нас и во светот. Негови дела во посебни книги се презентирани на повеќе јазици надвор од Македонија.
Добитник е на наградите: „11 Октомври“, „Браќа Миладиновци“ (два пати) „Рациново признание“ и „Стале Попов“ (два пати).
¤ Петре М. Андреевски:
Аванос