Ташко Георгиевски
раскажувач, романсиер, сценарист. Роден е во с. Кронцелево,
Воденско, Егејска Македонија на 15 март 1935 година. Студирал на Филолошкиот
факултет во Скопје. Работел во редакцијата на весникот „Млад борец“ и во
списанието „Современост“. Бил уредник во Македонската телевизија и во
издавачките куќи „Мисла“ и „Македонска книга“.
Автор е на книгите: „Ние зад насипот“ (раскази, 1957), „Луѓе и волци“ (роман, 1960), „Ѕидови“ (роман, 1962), „Суви ветрови“ (раскази, 1964), „Црно семе“ (роман, 1966), „Змиски ветар“ (роман, 1969), „Црвениот коњ“ (роман, 1975), „Куќа под калето“ (раскази, 1978), „Време на молчење“ (роман, 1978), „Рамна земја“ (роман, 1981), „Плочата на животот“ (автобиографски записи, 1987), „Кајмакчалан“ (роман, 1992), „Црно семе: Црвениот коњ: Жолтиот трендафил“ (филмски сценарија, 1997), „Исчезнување“ (роман, 1998). Објавени се избрани дела од неговото творештво.
Добитник на наградите: „Кочо Рацин“, „11 Октомври“, „13 Ноември“, „Стале Попов“, „Рациново признание“.
¤ Ташко Георгиевски:
Мажот на мојата жена