¤


Богомил Ѓузел

поет, прозаист, драмски писател и преведувач. Роден во 1939. Работел како драматург во Драмскиот театар во Скопје. Директор на СВП.
    Ги објавил збирките поезија: „Медовина“, 1962; „Алхемиска ружа“, 1962; „Мироносници“, 1965, „Бунар во времето“, 1972; „Тркало на годината“, 1977; „Стварноста е сè“, 1980; „Опсада“, 1981; „Празен простор“, 1982; „Мрак и млеко“, 1986; „Рушејќи го ѕидот“, 1989; „Одбрана поезија (избор)“ 1991; „Она“, 2000. Раскази: „Легенди“, 1984. Драми: „Мито-стории“, 1982. Патепис: „Куќа цел свет“, 1974. Есеи: „Историјата како маштеа“, 1971. Застапен е во сите антологии на современата македонска поезија. Составувач (коавтор) е на Антологијата на современата американска поезија, 1977 и 1999.
     Награди: „Браќа Миладиновци“, „Глигор Прличев“ и „Алекса Шантиќ“.

¤ Богомил Ѓузел: Пустиник и дивјак

Блесок - литература и други уметности

© Блесок, 2001.
Сите права задржани.