Луан Старова
раскажувач, романсиер, поет, есеист, литературен критичар и
научник. Пишува на албански, македонски и француски јазик. Роден е на 14 август
1941 година во Поградец (Албанија). Завршил Филолошки факултет во Скопје, а
магистрирал и докторирал во Загреб од областа на француската и компаративната
книжевност. Работи како универзитетски професор и дипломат (амбасадор на Р.
Македонија во Франција, Шпанија, Португалија и Унеско).
Авотор е на книгите: „Луѓе и мостови“ (патописна проза, 1971), "Kutijtë e pranvëres" („Границите на пролетта“, роман, 1971), "Barikadat e kohës" („Барикадите на времето“, патописи, 1976), „Доближувања“ (есеи и книжевни студии, 1977), „Релации“ (есеи и книжевни студии од балканските литератури, 1982), „Кинеска пролет“ (патописна проза, 1984), „Пријатели“ (патописи и есеи, 1986), „Континуитети“ (книжевни есеи, 1988), „Митска птица“ (краток роман, 1991), „Песни од Картагина“ (поезија, 1991), „Мостот на љубовта“ (роман, 1992), „Татковите книги“ (роман, 1992), „Време на козите“ (роман, 1993), „Балкански клуч“ (раскази, 1995), „Француски книжевни студии - 20 век“ (есеи и книжевни студии, 1995), „Атеистички музеј“ (роман, 1997), „Пресадена земја“ (1998), „Патот на јагулите“ (роман, 2000).
Добитник на наградите: „11 Октомври“, „13 Ноември“, „Григор Прличев“, „Стале Попов“. Носител е на странски одликувања.
¤ Луан Старова:
Времето на козите