¤


Божин Павловски

раскажувач и романсиер. Роден е на 7 јануари 1942 година во с. Жван, Демирхисарско. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Работел како новинар во „Трудбеник“, „Млад борец“ и „Нова Македонија“. Основач е и долгогодишен главен уредник на издавачката куќа „Мисла“ во Скопје. Во 1992 година во Мелбурн (Австралија) ја основа издавачката корпорација АЕА која ги издава весниците „Денес“ и „Македонија денес“ кои се вбројуваат меѓу највлијателните етнички весници во Австралија, Соединетите Американски Држави и Канада. Од 1996 година е главен уредник на книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје. Член е на МАНУ.
    Автор е на книгите: „Игра со љубов“ (роман, 1964), „Фантасти“ (раскази, 1964), „Миладин од Кина“ (роман, И дел, 1967), „Лудисти“ (раскази, 1967), „Миладин од Кина“ (роман, ИИ дел, 1968), „Македонците зад Екваторот“ (патописна проза, 1971), „Дува“ (роман, 1973), „Австралија, Австралија“ (сценарио за документарен филм, 1975), „Вест Ауст“ (роман, 1978), „Црвениот хипокрит“ (роман, 1984), „Уткини соседи“ (роман, 1987), „Враќање во сказните“ (роман, 1989), „Дува и болвата“ (роман, 1997), „Подвижни гробови“ (роман, 1998). Неговите дела се преведени на англиски, француски, руски, српски, италијански, романски, албански, словенечки и др. 
    Добитник е на наградите: „Рациново признание“, „11 Октомври“, „Стале Попов“, „Гоцева повелба“, „Кочо Рацин“ и меѓународните „Младост“ и „Железарница Сисак“.

¤ Божин Павловски: Антонио Варгас, патриот

Блесок - литература и други уметности

© Блесок, 2001.
Сите права задржани.