Митко Маџунков
романсиер, раскажувач, драмски автор, есеист. Роден е во Струмица на 19 март 1943 година. Основно и средно образование завршува во родниот град, а дипломира на Филолошкиот факултет во Белград на групата општа книжевност и теорија на книжевноста. По дипломирањето останува да живее во Белград. Работи во Библиотеката на град Беград.
Автор е на книгите: раскази - „Чудна средба“ (Белград 1970), „Уби го зборливото куче“ (Белград 1973), „Над троскотот облаци“ (Скопје 1974), „Мирисот на земјата“ (Скопје 1984). Куси прози: „Меѓата на светот“ (Скопје 1990), „Бегството и повторното раѓање на зографот“, „Дрвото на Нарајана“ (Скопје 1998). Романи: „Кула на Ридот“ (Скопје 1981), „Домот на Александар“ (Скопје 1992), „Кон другата земја“ (Скопје 1993). Автор е на повеќе драми изведувани на театарските сцени и објавувани во посебни книги.
Добитник е на наградата
„Рациново признание“.
¤ Митко Маџунков:
Циркус