Крсте Чачански
поет, раскажувач, романсиер. Роден е на 25 септември 1949
година во с. Драслајца, Струшко. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работи
како директор на Домот на културата во Струга.
Автор е на книгите: „Бреговина“ (поезија, 1972), „Писма“ (раскази, 1982), „Бермудски триаголник“ (раскази, 1992). „Лавиринт“ (поезија, 1992), „Божјиот сон“ (роман, 1994), „Азбукар“ (поезија за деца, 1995), „Сенката на лилјакот“ (роман, 1997), „Индиго и Квазар“ (раскази, 1999), „Книга на небото“ (роман, 2000).
Добитник е на наградите: „Мисла“, „Рациново признание“, „Стале Попов“, „Гоцева повелба“, „Живко Чинго“.
¤ Крсте Чачански:
Чутуранга