Драги Михајловски
раскажувач, есеист, литературен научник, преведувач. Роден е
на 16 октомври 1951 година во Битола. Завршил Филолошки факултет во Скопје.
Доктор по филолошки науки. Доцент на Филолошкиот факултет во Скопје, на
Катедрата за англиски јазик и книжевност, професор по предметот Теорија и
практика на преведувањето.
Автор е на книгите: „Речно улиште“ (раскази, 1981), „Ѓон“ (раскази, 1990), „Нераспнати богови“ (есеи, 1991), „Скок со стап“ (раскази, 1994), „Триполската капија“ (раскази, 1999), „Под Вавилон - задачата на преведувачот“ (докторат, 2000).
Доботник е на наградите: „Рациново признание“, „Григор Прличев“.
¤ Драги Михајловски:
Куќа во Солун