¤


Катица Ќулавкова

поет, литаратурен теоретичар, критичар, есеист, препејувач, антологичар. Родена е на 11 декември 1951 година во Велес. Има завршено Филозофско-историски факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Магистрира на тема: „Метафората и современата македонска поезија“, а докторира на Филозофскиот факултет во Загреб на тема: „Одлики на лириката“. Работи на Филолошкиот факултет во Скопје како професор по теорија и методологија на проучувањето на книжевноста на Катедрата за општа и компаративна книжевност. Една година работела при Лекторатот по македонски јазик и литература во Париз на INALCO. Била претседател на Македонскиот ПЕН центар.
    Автор е на книгите: „Благовести“ (поезија, 1975), „Акт“ (поезија, 1978), „Нашиот согласник“ (поезија, 1981), „Нова пот“ (поезија, 1984), „Фигуративниот говор и македонската поезија“ (студии, 1984), „Невралгични места“ - „Неуралгичнa места“ (двојазично издание, Вршац, поезија, 1986), „Стапка и отстапка“ (огледи и критики, 1987), „Дива мисла“ (поезија, избор, 1989), „Одлики на лириката“ (студија, 1989), „Жедби, престапни песни“ (поезија, 1989), „Друго време“ (поетска проза, 1989), „Копнеж по систем“ (студии и критики, 1992), „Домино“ (поезија, 1993), „Потход и исход“ (критики, 1996), „Изгон на злото“ (поезија, 1997), „Камен искушител“ (критики, 1997), „Тетратки“ (критики и огледи, 1997), "Vialasciva" (песни во превод на француски, 1997), "Time difference" (поезија во превод на англиски, 1998), „Предигра“ (поезија, избор, 1998), „Теорија на книжевноста“ (1999). Има подготвено антологија на македонскиот расказ и есеј. 
    Добитник е на наградите: „Студентски збор“, „Браќа Миладиновци“, „Нарциса“, „Млад борец“, Велја Кутија.
    web site: http://www.kulavkova.org.mk

¤ Ката Ќулавкова: Тело - текст

Блесок - литература и други уметности

© Блесок, 2001.
Сите права задржани.