Ким Мехмети
раскажувач, есеист, публицист, новинар. Роден 1955. Пишува и
објавува на македонски и албански јазик.
Ги објавил збирките раскази: (на албански јазик)
„Правот што никнува“, 1986; „Тагување“, 1988, „Болеро, Среќа, Судбината на
Фатуше, Собирач и на овенати цвеќиња, Месечевиот цвет“; (на македонски јазик)
„Поместени рапсодии“, 1989; „Начек“, 1991; „Рибата Екстазис“, 1994, „Месечев
цвет“; романот „Седум ноќи тага“, на албански и македонски јазик, „Селото
на проколнатите деца“, 1998, на македонски. Составувач е на антологијата
„Албански краток расказ“, 1997. Преведува од албански на македонски јазик и
обратно. Награди: Национална награда за најдобра прозна книга на албански
јазик за збирката „Судбината на Фатуше“.
¤ Ким Мехмети:
Затвореник