Јадранка Владова
раскажувач, романсиер, есеист, критичар, книжевен теоретичар, преведувач. Родена е во Скопје на 20 април 1956 година. Завршила Филолошки факултет во Скопје. Доктор по филолошки науки. Професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје на предметите Светска книжевност и Детска книжевност. Уредник на списанието „Леттре интернатионале“ - европска ревија за култура, македонско издание. Била лектор по македонски јазик и литература на Карловиот универзитет во Прага.
Автор е на книгите: „Скарбо во мојот двор“ (раскази, 1986), „Воден знак“ (раскази, 1990), „Измислување на светот“ (роман за деца, 1991), „Мојот пријател А“ (роман за деца, 1992), „Девојче со две имиња“ (роман за деца, 1993), „Волшебноста на зборот“ (есеи и критики, 1994), „Македонско-чешки речник“ (1998), „Гледало зад огледалото“ (роман за деца, 1999). Составувач на антологијата „Куќа за зборот“ - програмското во македонската поезија (1991) и составувач со толкувачки пристап на изборот „Полемиките во македонската книжевност“ (1988).
¤ Јадранка Владова:
Исто