¤


Игор Исаковски

поет и прозаист. Роден 1970 во Скопје. Работел како радио и ТВ водител од 1991-1999, на различни фреквенции. Сега работи како веб дизајнер и консултант за е-издаваштво во центарот за е-издаваштво „Метаморфозис“. Основач е на културната установа „Блесок“ и главен и одговорен уредник на истоименото списание. Дипломирал на катедрата за Општа и компаративна книжевност во Скопје, магистрирал на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта (Родови и културолошки студии).
    Објавил: „Писма“ (роман, 1991), „Црно сонце“ (поезија, 1992), „Експлозии, трудна месечина, ерупции...“ (раскази, 1993), „Вулкан - Земја -“ (поезија, 1995), „- Небо“ (поезија, 1996), „Гравири - Blues говорница“ (многу куси текстови, 2001).
    Објавува во многу домашни и странски списанија. Некои негови песни и раскази се објавени во САД, Холандија, Романија, Словенија, Хрватска, Бугарија и Југославија.

¤ Игор Исаковски: Свечено жолто

Блесок - литература и други уметности

© Блесок, 2001.
Сите права задржани.