 |
Роберт Алаѓозовски
роден
на 27.10.1973 год. во Струмица. Матурирал 1992 година во гимназијата Јосип
Броз Тито во Скопје, културолошка насока, со одличен успех. Дипломирал
1997 година на Катедрата за Општа и компаративна книжевност при
Филолошкиот факултет во Скопје, со просек 9.03. Одбранил дипломска работа
на тема: Романот „Ние“ од
Евгениј Замјатин во контекст на Негативната утопија. Моментно е на
постдипломски студии по Општа и компаративна книжевност на истиот
факултет. Пријавил магистерска тема со наслов Теориско-поетички аспекти
на македонската постмодернистичка проза.
Објавува(л) рецензии, критики, есеи и студии во повеќе весници и
списанија: Кинопис, Наше Писмо, Блесок, Урбан магазин, Маргина,
Сцена, Театарски гласник, како и во дневниот весник Дневник.
Уредник е за култура во Студентски збор.
Соработувал со Македонската телевизија во емисиите Во фокусот на филмот
и Пулсирања. Во Телевизија Сител две години уредувал и водел
авторска емисија од областа на културата Арс Модус. Соработник е на
Интернационалниот филмски фестивал во Скопје.
Учествува во нетворкот (мрежа на програми) на француската асоцијација
Трансеуропеен, што опфаќа семинари и летни школи на културолошки и
социолошки теми.
Пишува и кратка проза. Добитник е на откупна и втора награда на Конкурсот
за краток расказ на Студентски збор, 1996 и 1997 година.
¤ Роберт Алаѓозовски:
Непростено
|
 |