Гоце Смилевски
јогин; пишувањето за него е еден вид на медитација.
Роден е во Скопје во 1975 година, се образувал на универзитетот Свети
Кирил и Методиј во Скопје (Општа и компаративна книжевност), на Карловиот
универзитет во Прага (Чешки јазик и чешка литература) и на
Централноевропскиот универзитет во Будимпешта (Родови и културолошки
студии). Работел како продавач на кристални предмети во Прага, како
наставник по македонски јазик во Кавадарци и како составувач на предметни
регистри во Скопје. За „Мотивот на инцестот во 'Врева и бес' од Вилијам
Фокнер и 'Човек без својства' од Роберт Мусил“ доделена му е наградата за
есеј „Блаже Конески“ во 1998. По повод јубилејот на универзитетот во
Скопје доделена му е наградата Свети Кирил и Методиј. Во 2000 година
„Сигмапрес“ од Скопје го објави неговиот роман „Планетата на
неискуството“. Работи на романот „Разговори со Спиноза“. Во материјалниот
свет се обидува да живее како лотос во Ганг: окружен со вода, а сепак -
сув.
¤ Гоце Смилевски:
Близначки