 |
ОДАЈА ЗА ДУШАТА
Грчкиот педагог не можеше да и се изначуди на
бисроумноста на младиот цар. За само десет дена, тринаесетгодишното момче, со
помош на заонот за косаеклиптика, пресмета дека една месечево – сончева година
има педесет и девет мали години од по триста шеесет и пет дена, со годишна
грешкако од половина час! На педагогот му се крена косата кога го спореди
резултатот со календарот на Енопид: идентичноста на бројките какожуваше дека
пред него стои гениј!
Вториот месец младичот веќе се занимаваше со
трисекција на агол, а одлично му одеа и алгебрата и аритметиката. Со жед ги
голтеше „Елементите“ на Еуклид и сонуваше дека еден ден, ќе успее да го реши
проблемот на квадрирање на кругот. На почетокот од третиот месец, токму кога
педагогот се готвеше да започне да му преподава на малиот цар и етика, се случи
скандал. Слугите возбудено говореа дека Александар му удрил шлаканица на
педагогот, оти овој го поправил при решавањето на еден геометриски проблем. И
војската и стражарите шепотеа за лошиот настан, та најпосле веста допре и до
ушите на императорот. Тој веднаш заповеда да му се доведе педагогот.
* * *
„Сакам да ми ја кажеш вистината!“ грмеше
императорот. Не сакам да го штедиш, оти му ја познавам крвта: неговата крв е
моја крв! Знам дека е брз како блесок, дека е заслепен од себе и дека може дури
и да убие од самољубие! Но, сакам да знам: зошто те удри, педагогу?“
Педагогот молчеше, со поглед прикован
за земја. Си ја мазнеше кусата брадичкако и избираше зборови; најпосле рече:
„Тој е гениј, височество. И му нема спас. Еден ден, кога и да е, неговата
неумереност ќе го посака и светот; а потем и ќе го покори. Но, неговата душа ќе
старада, оти кршлива е, како египетско стакло, и на ќе може да го поднесе
гранитот на неговата лакомост.“
Великиот Филип гледаше немо во средовечниот, славен
филозоф. Седеше на својот престол, замислен во раскошна одежда и со блескави
прсења на рацете, и со прстот на слепото око. Конечно, пукна со показалецот и
палецот и рече, поблаго: „Но, зошто те удри?“
Педагогот се колебаше. Го крена погледот и
милозливите очи на императорот му ја отворија душата како небо што се отвара при
луња: „Седевме, денес претпладне, во библиотеката, а јас го искушував неговиот
гениј, господару. Му поставив проблем од науката за која не сум му предавал
ништо. Го најде решението, но, во последниот потег, кога со смирена рака требаше
да ја повлече тангентата и да стигне до целта, како да се израдува на својот
успех; раката му затрепери и тој ја промаши точката во која требаше да заврши
линијата. Видов дека го знае решението, тврдам со глава. Но, неговата лакомост и
брзина да стигне до целата, неговата огнена желба да биде пофален, го оддалечи
од успехот; потем пребледе и најсмирено ме праша дали решението е точно, иако и
самиот знаеше дека не е. му одговорив дека згрешил, а тој ме удри и со солзи во
очите истрча од библиотеката. Ете. така се случи.“
Императорот падна во тешко настроение. Се
смурти и за час изгледаше безнадежно. Потоа, скршено рече: „Знаев,дека е толку
умен што ќе ја злоупотреби својата моќ за да си ги прикрие слабостите“. „Но,
премилостив господару!“, извика педагогот. „Ве преколнувам да не му го сметате
тоа за зло; виновен сум јас, оти незапочнав на време со етиката! Та тој се уште
не занае дека доблеста лежи на средината од премногу и премалку; мудар е, умен,
но лаком е, тврдоглав и неумерен. Тоа е моја вина, господару!“
Великиот Филип изгледаше страшно. Беше
решителен како кренат меч. Потем пресече: „Готово е. Предоцна е да го учиш на
умереност. Тој веќе е освојувач.“
А потоа се збогува со мудрецот и заповеда да
му са спакуваат ковчезите, да му се даде придружба и да се натовари конвојот.
* * *
Утрината, додека натоварените коњи, полека
излегуваа низ градските порти, од некаде долета младиот цар и, трчајќи крај
коњот на мудрецот, ја подаде раката кон учителот. Дланките им се споија во жежек
грч и педагогот го сопре животното. Го погали младото момче по бујните кадрици,
а овој гледаше понизно и молежливо во него, додека крупни солзи му врнеа по
румените образи, на предвреме созреаното, детско лице. „Несакам да си одиш,
педагогу!“ липаше царчето: „Те повредив, но несакам да си одиш.“ „Во ред е сè,“
велеше филозофот. „Морам да одам; млад си и сетилата те лажат, но имаш време.“
Од прозорецот на кулата ги стрелаше строгиот
поглед на императорот. Во еден миг, со отсечно движење на пркосната глава тој му
даде знак да си оди; овој го протера коњот, но зад себе слушна: „Сакм да ми
поставиш задача што не можам да ја решам, педагогу.“ Педагогот се сврте.
Гледаше, стрештен, во малото чудо. Потоа се врати, се навали на седлото, ја
зграпчи разбушавената глава на момчето и бакнувајќи го в чело, шепна: „Душата ти
е лакома, синко мој. Не умерен си во желбите, во силата и знаењето. Не барај од
мене да го сторам тоа.“ „Но, те преколнувам господару на мудроста! Постави ми
задача што не можам да ја решам!“
Учителот ги собра веѓите и тешко изусти:
„Добро. Спознај ја, тогаш, својата душа. Изѕидај одаја, од сите страни
затворена, но така што ќе употребиш само еден ѕид при ѕидањето; ѕидот треба
никогаш да не се доодува, а одајата треба да има наоколу прозорци колку што има
ѕидови. Кога ќе ја изѕидаш, ќе видиш дека таа одаја си ти. Тогаш ќе можеш да се
пофалиш дека си се спознал себе си.
И потоа, Аристотел го потера коњот по
конвојот. На градската порта сеуште стоеше силната силуета на царчето, се додека
стражарите не ги затворија портите. Во очите веќе немаше солзи.
* * *
Една жешка ноќ, триесет години подоцна, додека
воените советници го молеа веќе болниот Александар да се откаже од походот на
Кавказ, Арабија и Средоземјето, велејќи му дека постигнал се што може да
постигне еден смртен цар, и дека ако човек тргне како осумнаесетгодишен младич
од еден крај на неговото царство пеш, ќе пристигне на другиот како
шеесетогодишен старец, царот одеднаш ја изгуби свеста и се струполи на земја.
Кога се освести, му заповеда на воениот советник да ја подготви војската за
поход и го овласти да раководи со воените операции. Потоа нареди да му се
доведат најдобриот земјомер, најдобриот ѕидар и најбрзиот гласник во царството.
На земјомерот и на ѕидарот им додели скица на чудан градба и заповеда веднаш да
почнат со работа; на гласникот пак, му предаде писмо.
Три месеци подоцна, длабоко во ноќта, на
портите на Лицејот во Атина затропа ноќен патник. Му предаде писмо на еден
белокос старец и исчезна во темнината, галопирајќи на веќе изморениот коњ.
Во очите на старецот блесна чуден сјај.
Пораката гласеше: „Донеси душа за мојата лакомост“. Следниот ден старецот замина
во Рим, во улицата на вештите стаклари.
* * *
Александар лежеше на претсмртна постела во
кружната одаја што градежниот старешина и земјомерот ја беа соѕидале за само три
месеци. Беше заповедал никој да не му доаѓа, а само еднаш дневно да му се носи
храна. Тешко Дишеше; само крупните очи какожуваа дека некогаш тоа бил човек со
сила и упорност на ѕвер.
Надвор, насобраните поданици плачеа тивко
речиси нечујно, плашејќи се да не ги чуе императорот. Не можеа да се изначудат
на високата, грда, кружна кула со едно единствено, незастаклено прозорче што
никна по некаква неразбирлива желба на нивниот господар. Никој, меѓутоа не
знаеше дека станува збор за решение на загатката што неможе да се реши.
Вчера се слушна дека некој дојденец, со вреден
товар дошол од далеку и дека бара веднаш да го види императорот. Беше стар, со
долга, бела брада, но нечист и пропаднат од долг пат. Враце носеше мало, но
тешко ковчеже, завиткано во свила. Влезе во кулата и го спушти ковчегот.
Внатре на средината, на претсмртната
постела лежеше ученикот. Гледаше во старецот долго, со ненадејна жар во темните
очи. „Еве, рече најпосле. „Сè е тука: одајата навистина има само еден ѕид, а
сепак е затворена од сите страни. Ѕидот не може да се дооди, оти кругот нема
почеток и крај, како и неумереноста. Но, на тој ѕид не ќе може да се стави
прозорец. Тој прозорец, тоа стакло е мојата душа; при првиот обид да се свие таа
ќе пукне и ќе се скрши под лакомиот круг на гранитот. А јас ќе умрам кога ти ќе
се обидеш да го ставиш прозорецот и да ја завршиш градбата.“
„Сè е добро, Александре!“, рече старецот; „Сè е
добро. Си ја решил загатката за која мислев дека не можеш да ја решиш. Но,
никако не ја свати пораката на загатката: ти мислеше на решението, а не мислеше
на она што ти го кажува прашањето.“
Александар суво подголтнуваше. Потем
скршено рече: „Знам. Пораката на загатката гласи: не решавај загатки за кои
бараш да бидат не решливи.“ И потем додаде: „Те молам, заврши ја градбата. Стави
го прозорецот. Одајата без прозорец е како тело без душа.“
Старецот полека се наведнуваше и го отвараше
ковчежето. „Донесов стакло токму за оваа одаја, Александре. Ново валчесто леано
стакло, најнов изум на вештите стаклари од Рим. Правено е според мерка на
твојата душа; тоа го слави почетокот на една нова доба, доба на Лакомите.
Гледај, Александре, како свиено; напнато е како стрела на затегнат лак.“
И додека стариот говореше, од ненадеж, како
што тоа се случува со стаклата и душите, само од себе без ниеден допир, на
стаклениот полуцилиндер се распрсна на илјадници ситни парчиња, со сета сила на
заробените страсти на дувачите на стакло. Со трепет во вилицата, коските и
душата, Аристотел се вртеше бавно кон одарот.
Таму лежеше мртвото тело на Ученикот.
Веднаш потоа, во одајата на неумереноста се
втурнаа несреќните поданици, ридајќи над мртвиот цар. Со чудо гледаа во срчите
пред нозете на дојденецот.
Еден од нив праша: „Што е тоа?“
„Неговата душа,“ рече дојденецот.
И потоа, следен од збунетите погледи на
поданиците, ги собра стакленцата – последните остатоци од душата на Гранитниот
Владетел, ги положи во ковчежето и излезе надвор.
|
 |