Отец Стефан Санџакоски

 

нигата Беседи од Калишта од отец Стефан Санџакоски е необична и жестока едновремено. Таа е вистинска драгоценост, зашто на најубав начин го продолжува континуираниот историски исон на македонскиот беседнички жанр од св. Климент Охридски до денес. Сепак, овие беседи се плод на една самосвојна беседничка поетика и практика. Омилитскиот говор на отец Стефан Санџакоски не и’ робува на строгата византиска беседничка форма. Тој е поблизу до прагматичната и емфатична реторика на св. Јован Златоуст. Станува збор за беседи што се изречени во храмот на манастирот Пресвета Богородица во Калишта, каде што отец Стефан Санџакоски до неодамна служеше свети литургии. Изговорени громко среде божествената исихија на манастирот крај Охридското езеро, тие ги допираат и ги брануваат жестоките прашања и дилеми на ововековниот човек низ перспективата на Богочовекот Христос. Во нив, врвниот интелектуален зафат се преплетува со суптилниот трепет на срцето. Затоа, беседите на отец Стефан Санџакоски не се само сведоштво за искушенијата на едно време, ами и потресно отрезнувачка повелба до сите историски еони.

 

 

содржина

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 АВТОР

Издавањето на оваа книга е помогнато од
Министерството за култура на Република Македонија

English version

Дизајн: Сашо Димоски

© Блесок, 2001. Сите права се задржани.

ISBN 9989-59-019-2