Издавачката дејност на Културна установа „Блесок“ започна во март 1998, кога
излезе првиот број на првото македонско е-списание „Блесок – литература и други
уметности“. Од тогаш наваму објавивме 51 број на списанието, околу 190
е-книги, 30-ина печатени книги, и CD-ROM-овите М@Па, Преводи на театарски
текстови, Babylonia. Културна установа „Блесок“ објавува книги кои ги
задоволуваат критериумите на уредниците, со цел да создава трајни вредности.
Доколку имате ракопис (жанрови: поезија, проза, есеи, критика, драма) испратете
ни порака на: editor@blesok.com.mk,
со извадок од вашиот ракопис, во Word RTF документ.
Уредничкиот одбор не е задолжен да одговори
на Вашата порака, или да даде мислење за Вашиот ракопис.
Доколку Културна установа „Блесок“ искаже позитивно мислење за Вашиот ракопис,
можеби ќе биде потребно со одредена сума да ги надоместите трошоците за
објавување. Сумата ќе зависи од обемот на ракописот и начинот на објавување
(печатен формат, е-формат, CD-ROM, итн.). Доколку Културна установа „Блесок“
одлучи да побара финансиска поддршка од институциите кои тоа го овозможуваат,
можно е авторот да добие надомест за објавеното дело, под услов претходно да
бидат покриени трошоците за објавување.
Трошоците за објавување вклучуваат (но не се ограничени на): – уредување на текст – превод (опционално) – лектура и коректура – подготовка за објавување – дизајн – објавување на делото